Поемата започнува со стилско-изразното средство словенска антитеза. Преку него поетот ја соопштува веста за смртта на Кузман. Понатаму следи описот на неговата мајка Неда, централен лик во поемата, затоа што и покрај сè, нејзини главни карактеристики се храброста и издржливоста. Таа сонила сон кој овде има претскажувачко значење: потпорните греди на куќата одамна се срушиле. Останала само уште една греда, една јака потпора. Но најпосле паѓа и таа, а купиштата прашини стануваат гробови. Со ова мајката ја претчуствува несреќата која веќе се случила.
Четворица Албанци го носат мртвото тело на Кузман во неговата куќа, целото село се собрало околу куќата и немо го приковало својот поглед на трупот. Плач се слуша од сите страни, а Неда ги прекорува селаните велејќи им да си гледаат на својата мака, бидејќи таа сака да го прегрне телото на својот син и да го тажи. Тогаш Албанците, неговите непријатели признаваат дека Кузман бил најсилниот јунак меѓу сите
Следи ретроспективното раскажување на стариот Албанец за големите јуначки дела на Кузман против Гегите кои пустошеле наскеаде низ селата, грабнувајќи девојчиња од мајчините раце за да им служат. Дознавајќи за ваквите страшни дела на непријателот, Кузман решава да се пресмета со нив. Ги повикува на борба Албанците кои штотуку седнале под една сенка, уживаат јадејќи и пеејќи песни. Кога Кузман ги повикува на борба, Албанецот признава дека тие се исплашиле од него, но сепак за да не бидат поразени ја прифаќаат борбата. Кузман ги храбри своите другари. Се случува борбата во која Кузман победува, се до моментот кога во борбата не се вклучува водачот на Албанците, Махмуда кој силно го ранува Кузман. Иако ранет, Кузман успева да го усмрти својот непријател, а потоа и самиот паѓа мртов. Албанецот ги раскажува по ред сите јуначки подвизи на Кузман. Го возвлечува и го споредува со сторачен гигант кој се бори сам против албанската чета. Албанците му одаваат почит на мртвото тело на Кузман, заколнувајќи се дека никогаш повеќе нивната чета нема да стапне во Река. Неда, иако скршена од болка е подготвена да поведе борба со непријателот и да го продолжи делото на својот син. Таа е подготвена да застане на чело на борците кои ќе се родат во Река.
Тажачката на Неда го прикажува Кузман од сосема поинаков аспект. Најпрвин е прикажано капењето на мртовецот и тоа како еден вид ритуал, а потоа Неда раскажува за судбината на Кузмановото семејство која се повторува со од колено на колено. Кузман ја има истата судбина како и својот татко, кој убиен од непријателот го остава својот син сирак уште многу мал, така што сè што Кузман знае за својот татко е од разкажувањето на неговата мајка. Затоа, ги заменува детските игри со сабјата и со мечовите барајќи одмазда. Штом пораснал, заминува да го брани својот народ и да го замени татко си кој исто така бил сердар. Неда го оплакува сина си кој не дочекал да ја доживее семејната среќа со својата свршеница, а со то пропаѓаат и сите надежи дека Неда ќе го дочека на свадбата на својот син и дека тој ќе ја продолжи семејната лоза.
Ликот на Неда е прототип на Прличевата мајка , а тоа значи дека особините на неговата мајка се вткаени во ликот на Неда. Но и покрај сета болка која Неда ја чуствува за својот син, таа е пред сè опишана како надреално јака и цврста жена, која ги прекорува селаните што го тажат Кузман. Оплакувањето нема да помогне, тие треба да го продолжат неговото дело. Наместо да плачат над него, треба да ги спасат своите деца од непријателот и што побргу да го искоренат злото.
Тажачката Марија е последниот сегмент кој ја дооформува целосната слика на Кузман. Таа не смее да застане крај одарот на својот свршеник и да го тажи, бидејќи традицијата и обичаиите него дозволуваат тоа. Веста за смртта на Кузман ја дознава од својот татко и веднаш потонува во најголем очај и плач. Посакува да го врати времето назад и да може да го одбрани од непријателот. Често го молела да не оди во борба, но тоа веќе не значи ништо. Кога него повеќе го нема, Марија се заколнува само на верност кон Бога , бидејќи не може во својата постела да прими никој друг. На крај е даден описот на местото каде се наоѓа Кузмановит гроб. Таму секоја приквечер доаѓа некоја девојка да го тажи својот свршеник. Секако, тоа е Марија, која се отуѓила од луѓето.
No comments:
Post a Comment