Friday, June 1, 2018

''Илијада''-Хомер

„Илијадата“ е епопеја – најголемо епско дело во стихови.
 Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот Троја (Илиј).
Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита (за појаснување прочитај го „Митот на Златно Јаболко“, кој е последен во текстот со изборот на старогрчките митови).
Биографски податоци за Хомер речиси не постојат. Не се знае каде е роден, не се знае во кое време живеел. Само се претпоставува дека живеел во периодот меѓу XII и VII век пред наша ера. Нему му се припишуваат монументалните епопеи „Илијада“ и „Одисеја“. Кога е создадена „Илијадата“, исто така, не се знае, но  античките поети од VII век п.н.е. знаеле за неа и ја споменуваат во своите дела, па така може да се заклучи дека е создадена најдоцна до VIII век пред нашата ера.

"Шагринска Кожа"-Оноре Де Блазак


Рафаел Де Валентин,студент без илузии,човек чија животна смисла е изгубена поради незадоволството што му го пружил животот. Во моментот кога решава да си го одземе животот,запознава еден сомнителен трговец,оној кој ја поседува шагринската кожа,со која може да има се,но за возврат,кожата ќе стане негов господар.Тој му открива една голема животна тајна која се опишува со три глаголи : сака,може и знае.
Но дали Рафаел ја разбрал пораката од трговецот или без да предвиди си го одложил своето самоубивство.Тој станува богат,срекен,околу него задоволство,висок статус во општествениот живот,се додека свати материјалното во суштина не ја исполнува празнината во неговата душа.Тоа што не е сакан и почитуван,туку предмет на лицемерие и зајдливост,љубовта која одсуствува во неговиот живот е долгот кој никогаш не може да го исплати кон неговата Полина.

Анализа на лик (Антигона)

„Антигона“ е драма која опоменува на опасноста од тврдоглавото самоволие, но и драма која ја воспева силата на жената „што посега по подвиг којшто не е во силите на женската природа“. Во таа смисла, Антигона често се опишува како „идеален образ на Гркина“ и „еден од најпрекрасните ликови во светската поезија“.Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.

Monday, February 12, 2018

Фабула за ,,Прва Љубов'' од Иван Тургенев

Прва љубов, како и многу други дела на писателот Иван Тургенев е автобиоргавско дело, приказна за љубовта помеѓу 21-годишна девојка и 16-годишно момче. Приказната започнува со главниот лик, Владимир Петрович, на една забава. Тројцата гости, од кои сите се мажи, по редослед раскажуваат приказни за својата прва љубов. Кога редот му доаѓа на Владимир, тој предложува да ја напише приказната во тетратка, бидејќи била долга, а и тој не бил добар наратор. Другите мажи се согласуваат, и неколку недели подоцна Владимир ја чита приказната сеќавајќи се на спомените на својата прва љубов.

Wednesday, November 15, 2017

Анализа на лик (Бак од ,,Повик на Дивината'')

Бак е динамичен лик бидејки он гледа да ци ја заврши својата работа.Он би бил добра личност.Тоа е покажано во делот кога Тор се заглавил во мразот и Бак му помогнал да излезе.Лужето околу него го искористуваат бидејќи он е куче.Во денешно време е по развиена технологијата па затоа луѓето не ги користат животните за да ги заврсат нивните работи.Луѓето го гледат Бак како роб и пробуваат што можно да го искористат.Бак е свесен за ова и пробува
да избегне од луѓето што го користат.Бак го гледа својот свет како суров свет каде што животните ги користат како робови,овој поглед е реалистичен.Во реалниот живот сите би се однесувале како Бак дека никој несака да биде роб.Затоа бак е комплексен лик.

Saturday, November 4, 2017

Панонски Легенди

Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што се опишуваат, особено на браќата Ќирил и Методи.

Панонски легенди содржат две житија: „Житието на Св. Кирил“ и „Житието на Св. Методиј“. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ротислав ги повикува да проповедуваат на на словенски.

 Во „Житието за Методиј“ опишан е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува „раби божји“, прикажувајќи ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и на секој чекор им ја искажувале својата љубов.



Thursday, October 19, 2017

Сердарот - Григор Прличев

Поемата започнува со стилско-изразното средство словенска антитеза. Преку него поетот ја соопштува веста за смртта на Кузман. Понатаму следи описот на неговата мајка Неда, централен лик во поемата, затоа што и покрај сè, нејзини главни карактеристики се храброста и издржливоста. Таа сонила сон кој овде има претскажувачко значење: потпорните греди на куќата одамна се срушиле. Останала само уште една греда, една јака потпора. Но најпосле паѓа и таа, а купиштата прашини стануваат гробови. Со ова мајката ја претчуствува несреќата која веќе се случила.

Четворица Албанци го носат мртвото тело на Кузман во неговата куќа, целото село се собрало околу куќата и немо го приковало својот поглед на трупот. Плач се слуша од сите страни, а Неда ги прекорува селаните велејќи им да си гледаат на својата мака, бидејќи таа сака да го прегрне телото на својот син и да го тажи. Тогаш Албанците, неговите непријатели признаваат дека Кузман бил најсилниот јунак меѓу сите 

Следи ретроспективното раскажување на стариот Албанец за големите јуначки дела на Кузман против Гегите кои пустошеле наскеаде низ селата, грабнувајќи девојчиња од мајчините раце за да им служат. Дознавајќи за ваквите страшни дела на непријателот, Кузман решава да се пресмета со нив. Ги повикува на борба Албанците кои штотуку седнале под една сенка, уживаат јадејќи и пеејќи песни. Кога Кузман ги повикува на борба, Албанецот признава дека тие се исплашиле од него, но сепак за да не бидат поразени ја прифаќаат борбата. Кузман ги храбри своите другари. Се случува борбата во која Кузман победува, се до моментот кога во борбата не се вклучува водачот на Албанците, Махмуда кој силно го ранува Кузман. Иако ранет, Кузман успева да го усмрти својот непријател, а потоа и самиот паѓа мртов. Албанецот ги раскажува по ред сите јуначки подвизи на Кузман. Го возвлечува и го споредува со сторачен гигант кој се бори сам против албанската чета. Албанците му одаваат почит на мртвото тело на Кузман, заколнувајќи се дека никогаш повеќе нивната чета нема да стапне во Река. Неда, иако скршена од болка е подготвена да поведе борба со непријателот и да го продолжи делото на својот син. Таа е подготвена да застане на чело на борците кои ќе се родат во Река.

Тажачката на Неда го прикажува Кузман од сосема поинаков аспект. Најпрвин е прикажано капењето на мртовецот и тоа како еден вид ритуал, а потоа Неда раскажува за судбината на Кузмановото семејство која се повторува со од колено на колено. Кузман ја има истата судбина како и својот татко, кој убиен од непријателот го остава својот син сирак уште многу мал, така што сè што Кузман знае за својот татко е од разкажувањето на неговата мајка. Затоа, ги заменува детските игри со сабјата и со мечовите барајќи одмазда. Штом пораснал, заминува да го брани својот народ и да го замени татко си кој исто така бил сердар. Неда го оплакува сина си кој не дочекал да ја доживее семејната среќа со својата свршеница, а со то пропаѓаат и сите надежи дека Неда ќе го дочека на свадбата на својот син и дека тој ќе ја продолжи семејната лоза.

Ликот на Неда е прототип на Прличевата мајка , а тоа значи дека особините на неговата мајка се вткаени во ликот на Неда. Но и покрај сета болка која Неда ја чуствува за својот син, таа е пред сè опишана како надреално јака и цврста жена, која ги прекорува селаните што го тажат Кузман. Оплакувањето нема да помогне, тие треба да го продолжат неговото дело. Наместо да плачат над него, треба да ги спасат своите деца од непријателот и што побргу да го искоренат злото.

Тажачката Марија е последниот сегмент кој ја дооформува целосната слика на Кузман. Таа не смее да застане крај одарот на својот свршеник и да го тажи, бидејќи традицијата и обичаиите него дозволуваат тоа. Веста за смртта на Кузман ја дознава од својот татко и веднаш потонува во најголем очај и плач. Посакува да го врати времето назад и да може да го одбрани од непријателот. Често го молела да не оди во борба, но тоа веќе не значи ништо. Кога него повеќе го нема, Марија се заколнува само на верност кон Бога , бидејќи не може во својата постела да прими никој друг. На крај е даден описот на местото каде се наоѓа Кузмановит гроб. Таму секоја приквечер доаѓа некоја девојка да го тажи својот свршеник. Секако, тоа е Марија, која се отуѓила од луѓето.