Friday, June 1, 2018

''Илијада''-Хомер

„Илијадата“ е епопеја – најголемо епско дело во стихови.
 Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот Троја (Илиј).
Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита (за појаснување прочитај го „Митот на Златно Јаболко“, кој е последен во текстот со изборот на старогрчките митови).
Биографски податоци за Хомер речиси не постојат. Не се знае каде е роден, не се знае во кое време живеел. Само се претпоставува дека живеел во периодот меѓу XII и VII век пред наша ера. Нему му се припишуваат монументалните епопеи „Илијада“ и „Одисеја“. Кога е создадена „Илијадата“, исто така, не се знае, но  античките поети од VII век п.н.е. знаеле за неа и ја споменуваат во своите дела, па така може да се заклучи дека е создадена најдоцна до VIII век пред нашата ера.

"Шагринска Кожа"-Оноре Де Блазак


Рафаел Де Валентин,студент без илузии,човек чија животна смисла е изгубена поради незадоволството што му го пружил животот. Во моментот кога решава да си го одземе животот,запознава еден сомнителен трговец,оној кој ја поседува шагринската кожа,со која може да има се,но за возврат,кожата ќе стане негов господар.Тој му открива една голема животна тајна која се опишува со три глаголи : сака,може и знае.
Но дали Рафаел ја разбрал пораката од трговецот или без да предвиди си го одложил своето самоубивство.Тој станува богат,срекен,околу него задоволство,висок статус во општествениот живот,се додека свати материјалното во суштина не ја исполнува празнината во неговата душа.Тоа што не е сакан и почитуван,туку предмет на лицемерие и зајдливост,љубовта која одсуствува во неговиот живот е долгот кој никогаш не може да го исплати кон неговата Полина.

Анализа на лик (Антигона)

„Антигона“ е драма која опоменува на опасноста од тврдоглавото самоволие, но и драма која ја воспева силата на жената „што посега по подвиг којшто не е во силите на женската природа“. Во таа смисла, Антигона често се опишува како „идеален образ на Гркина“ и „еден од најпрекрасните ликови во светската поезија“.Антигона е еден од најцврстите и најпожртвувани карактери опишани во светската литература. Жена во сите нејзини особини, свесна за второстепената и подредена улога во општеството, но поцврста од маж во одлуките и подостоинствена од сите нив.